Шпанските и бразилските медиуми објавија нови шокантни детали за Дани Алвеш, кој заврши во притвор откако наводно силувал девојка во Барселона.
Несреќната девојка го пријавила случајот во полиција и Алвеш е обвинет за тешко кривично дело, а ќе остане во притвор бидејќи судијата реши да нема кауција за негова слобода.
„Цврсто ја фати девојката, по што побара од неа да го фати за меѓуножјето. Тоа го направи двапати, а таа се спротистави. Жртвата откри дека Алвеш ѝ го кренал фустанот, по што ја силувал и ја терал да зборува дека е негова мала ку*ва. Потоа ѝ удрил шлаканица и ја турнал на подот“, објави „Периодико“.