„Нема да се остварат најавувањата и очекувањата на таканаречените енергетски експерти во нашата држава и нема да се случи такво зголемување на цената на електричната енергија, дури можеби во одредени случаи ќе има и намалување на нејзината цена со цел да излеземе во пресрет на граѓаните и на малите потрошувачи“, изјави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Енергетскиот сектор во нашата држава е стабилен, така и ќе продолжи, и оваа криза нема да биде на товар на граѓаните во делот на снабдување со топлинска и електрична енергија. Значи, нема да се остварат најавувањата на ‘енергетските експерти’ што излегуваат на телевизија, а да не зборувам за опозицијата“, додаде Бектеши во одговор на новинарско прашање пред почетокот на Словенечко-македонскиот форум за економска соработка.
Тој рече дека нема право да ја каже цената на електричната енергија што ќе ја понуди ЕСМ на тендерот на ЕВН Хоум, бидејќи се носи на затворена седница на Влада, но дека „може да даде насока“ како ќе се движи.
„Има тендерска постапка во која одредена компанија, во овој случај ЕСМ треба да даде понуда… За да им излеземе во пресрет на граѓаните, посебно на тие коишто имаат најмногу потреба, на малите потрошувачи, на микро и малите потрошувачи, таму веќе најавив дека ќе има најверојатно намалување на цената на електрична енергија“, уверува министерот.
Извор: МИА