Српскиот фолк-пејач Мирослав Илиќ на 18 март ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Со концертот тој ќе го одбележи златниот јубилеј, 50 години на музичката сцена.
Ова е прв концерт на Илиќ во Скопје по подолго време, а дел од регионалната турнеја, на која ќе ги испее најголемите хитови од изминатите педесет години.
Организатор на концертот е „Балкан медиа“, кои наскоро ќе објават детали за продажбата на билетите.
The post Мирослав Илиќ ќе слави златен јубилеј со концерт во Скопје appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде