септември 22, 2024

До крајот на денов и во текот на ноќта на повеќе места ќе има обилни врнежи од дожд. На планините врнежите ќе бидат од снег и снежната покривка значително ќе се зголеми.

Во вечерните и ноќните часови во западните делови врнежите ќе преминуваат во снег и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен југоисточен и источен ветер.

Како што информира УХМР, времето утре претпладне ќе биде облачно со врнежи од дожд, особено во источните делови каде ќе бидат пообилни. На планините и на некои повисоки места врнежите ќе бидат од снег. Попладне врнежите ќе престанат, но ќе се задржи облачно, освен во крајните западни делови каде ќе има делумно намалување на облачноста. Ќе дува слаб ветер, претежно од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 8, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

Во Скопје облачно, во утринските часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 8 степени.
Во наредните денови ќе преовладува облачно и постудено време со локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските делови од дожд и снег.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK