септември 22, 2024

Осуденици и понатаму успеваат да избегаат од затворите во земјава. По бегството на затвореникот од затворот Идризово, имало бегство и од затворот Шутка. Информациите за Алсат ги потврдија и од затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека на 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на 8 месеци. Избегал околу 17.00 часот, а од затворот велат дека ги известиле сите надлежни.

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, рече Садуш Арифи, Заменик-директор на затворот Шутка.

Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

Инаку, бегалецот Абдиовски може да се види на некои фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери. на СДСМ/  Алсат

The post Кој е Нафи Абдиовски, најновиот бегалец од македонските затвори? appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK