Данците без поголеми проблеми го совладаа Египет (30-25) и го прескокнаа до врвот на табелата, а со што ги урнаа и најмалите шанси нивното место да го заземе Хрватска за што беше потребно некој луд двоцифрен пораз на скандинавската чета, што беше далеку од остварување. Гидсел и Питлик со по осум голови беа најдобри кај Данска.