Како отровно пикадо во умот, негативните мисли не спречуваат да бидеме поавтентични и да го искористиме нашиот потенцијал.
Постојат различни негативни мисли со кои се соочуваме, а сега ви пренесуваме 4 вообичаени кои саботираат многумина. Еве како можете да одговорите на нив и да ги промените:
„Требаше порано да почнам, сега е доцна“.
Минатото не може да се смени. Нема подобро време да започнете нешто од сега, токму сега. Не заборавајте, никогаш не е доцна за нова цел, сон и акција која може да ви го промени животот.
„Ова е толку тешко. Не можам да го направам“.
Вистина е дека успехот доаѓа со многу труд, но подеднакво е точно дека можете да вложите труд. Не се откажувајте кога ќе се појави првата пречка.
„Морам да почнам од почеток, а некои се родени богати и под среќна ѕвезда.“
Секој има посебно патување кое е исполнето со убави моменти и проблеми. Споредувањето со другите е само губење време. Споредете се – бидете подобри отколку што бевте вчера, работете напорно сега и утре ќе бидете уште подобри.
„Која е поентата да се трудам кога ништо не ми е гарантирано.“
Обидете се да го гледате секој ден како можност да ги промените работите и да направите нешто големо. Секој ден е шанса да се подобрите и да станете подобра верзија од себе. Во секој од нив живеете со полн здив, со многу радост и отвореност кон нови решенија – како да е последно.
Следете не, не има насекаде