декември 23, 2024

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска посочи дека би можел да се кандидира за претседател во 2023 година, а тоа ќе биде неговиот последен мандат. Ердоган рече дека по тој мандат, доколку победи на изборите, ќе ја „префрли палката на младите“.

Како што се приближуваат претседателските и парламентарните избори закажани за јуни 2023 година, Ердоган, кој е на власт од 2003 година, и неговата исламско-конзервативна партија, Партијата на правдата и развојот, се надеваат дека ќе ја задржат власта. Сепак, турскиот претседател треба да се соочи со многу предизвици, вклучувајќи ја и инфлацијата која достигна 84,4 проценти.

Во октомври, Ердоган ја повтори својата долгогодишна желба да подготви нов Устав кој ќе биде демократски, едноставен и визионерски. Некои аналитичари тоа го гледаат како желба за промена на границата од најмногу два претседателски мандати, како што е предвидено со тамошниот Устав.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK