септември 23, 2024
Политичарите во трката за по некој глас повеќе од граѓаните катадневно шетаат, се кадросуваат и се фалат како работат во интерес на народот ! Обврска им е да создаваат подобри животни средини, бидејќи ги користат парите на граѓаните. Не вадат пари од нивните џебови, па да трчаат и да се фалат.
А што направиле граѓаните гледаат на лице место. Денеска побрза да се пофали лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како во Кисела Вода се реализира се што е ветено и на дело се покажува разликата !?
Веднаш реагираа жителите на Кисела Вода од краци на улицата „Димо Хаџи Димов“ и „Марко Орешековиќ“ кои испратија докази што е направено во нивното населено место кое е само неколку колометри од строгиот центар во градот. Повеќе од три месеци неможат да стигнат до нивните домови, бидејќи градоначалникот Орце Ѓорѓиоски им ги изринка улиците со изговор дека ќе им ги асфалтира, но наместо тоа отвори дупки и не се вратија да си ја завршат започнатат работа. Така ли се работи во интерес на граѓаните ?
Граѓаните деновиве неможат ниту пешки да се движат, бидејќи дупките се полни со вода, а за со автомобил треба да имаат нерви да ги поминат тие неколку стотина метри. Ги искинаа гумите, ги раскостија колите и дополнително го оптоварија својот семеен буџет за поправки.
– Мицкоски лаже без усул! Нека ги погледне сликите, ако не сака да дојде на лице место да види како работат неговите градоначалници. Дали граѓаните во Кисела Вода заслужуваат повеќе од три месеци да одат по кал и дупки кои ги отвори градоначалникот Ѓорѓиоски !? Што треба да направиме да го слушне нашиот глас и да си ја завршат започната работа, а не да се фалат како биле одговорни, е реакцијата на група граѓани кои испровоцирани од фалбите на шпицниот градоначалник Мицкоски, веднаш регираа со факти.

The post Мицкоски лаже без усул: Дали граѓаните во Кисела Вода заслужуваа три месеци да одат по кал и дупки !? appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK