септември 23, 2024

Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес, пишува порталот Батали.нет.

Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец.

 

Сепак, човекот не дозволил да биде уапсен, па непосредно пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил. Батали.нет дознава дека се работи за 38-годишниот Зоран Тодоровски, кој на крајот на 2008 година го уби својот брат и беше осуден на 13 годишна затворска казна.

 

 

Утрово околу 7:45 часот, Итната медицинска помош добила повик за повредена девојка со прострелна рана, во нејзиниот дом на улица „Андон Шурков“ во Велес. Девојката прво е пренесена во велешката болница, но поради сериозноста на повредата, е префрлена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, каде што се бори за живот.

 

The post Се самоуби човекот кој ја рани 25-годишната велешанка appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK