септември 23, 2024

Прашањето зошто на Ахмети му се обраќа со „командант”, предизвика мала полемика на дел од новинарите со претседателот на Собранието Џафери. Зошто го користи тој прекар какаракеристичен за 2001 година, кога помина речиси четвртина век оттогаш, беше прашан Џафери, но тој повторуваше дека си е негова лична, приватна работа, како обраќање на партиец со сопартиец.

„Па што има врска што не сме 2001 година, па и да сме 2100 година, јас пак на Ахмети ќе му се обраќам како што јас сакам. Оддамна се познаваме и никој не може да ми каже како да му се обратам”, рече Џафери.

На новинарско прашање пак, поврзано со барањето на дел од опозицијата за предвремени избори, Џафери рече дека изборите ништо нема да променат.

„За уставни измени се потребни 80 гласови во Собранието. Избори сега ништо не би промениле, напротив, би ја компликувале ситуацијата, зашто постапката за уставни измени најдоцна би требало да почне во јуни – јули годинава за да заврши до ноември, кога завршува и скринингот од ЕУ. Најдобро е власта и опозицијата да седнат и да се договорат за приоритетите“, рече Џафери.

The post Џафери: На Ахмети му се обраќам со „команданте“ и тоа си е моја работа appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK