септември 23, 2024

Дваесет милиони евра, или над 300.000 за секој пациент. Толку пари годишно се потребни за „Трикафта“, лекот што би требало да го примаат над 60 луѓе со цистична фиброза, финансии што не се предвидени во буџетите на Клиниките, тврди Министерот за здравство Беким Сали. Тој објаснува дека допрва ќе се бараат начини од каде да се најдат пари за да се набави лекот за оние пациенти со цистична фиброза на кои им е неоходен сега, но не прецизираше кога ќе ја имаат.

Додека пациентите со цистична фиброза својот револт за тоа што немаат современи лекови планираат да го искажат на масовен протест пред Владата, и пациентите кои влегуваат на списокот за ретки болести бараат да не доцнат набавките за да не остануваат без терапија. Сепак, Министерот Сали демантира дека тоа е така, а уверува и дека нема да има инсулинска криза, па им порача на пациентите да не се грижат.

Во изминатиот период, со месеци наназад, и онколошки пациенти се жалеа за недостатоци со терапиите. По гласините дека терапии се делеле на црно, како и дека се правеле списоци кој ќе добие лек а кој не, Директорот на Онкологија беше заменет, а Министерот Сали ја задолжи новата директорка да направи ревизија која ќе утврди што се случувало со лековите во Клиниката. Досега ниту таа, а ни Министерот не кажаа јавно што покажала проверката.

The post Сали откри зошто нема лек: Дваесет милиони евра се потребни за болните од цистична фиброза или по 300.000 евра за секој пациент. appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK