септември 23, 2024

Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Свети Сава со најискрени желби за добро здравје, мир и благосостојба. Посакувам делата на овој просветител да ни го покажат вистинскиот пат и да бидат нашиот пример за поголема истрајност во градењето на попросперитетна иднина.

Македонскиот и Српскиот народ имаат нераскинлива поврзаност, која се темели на заедничка историја и затоа отсекогаш сме биле пример за взаемна доверба и добрососедство. Српската заедница во Република Македонија претставува значаен дел од нашето општество и дава голем придонес во напредокот и равојот на сите сфери од живеењето. Верувам дека и во текот на наредниот период, во духот на пријателство ќе продолжиме да чекориме напред и да обезбедиме подобри услови за живеење за сите граѓани.

Нека Ви е честит и вековит големиот празник!

The post Пецаков: Во мое лично име и во името на Општина Охрид Ви упатувам срдечни честитки по повод големиот празник Свети Сава appeared first on Шило Магазин.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK