Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
За реконструкција на сите споменици и спомен-обележја од НОБ, како што рече, Владата обезбеди пари од Буџетот на државата иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје.
„Со буџетот за оваа година, сите споменици и спомен-обележја од НОБ на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани што се случиле и се сведоштво за непокор и борбата за слобода, ќе бидат реконструирани. Министерството за култура е задолжено да склучи договори, меморандуми за соработка со општините за санација на спомен-обележјата и да достави информација до Владата во која ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел. Целта е, повторувам уште еднаш, сите споменици од НОБ да бидат реконструирани, подвлече премиерот“, одговорајќи на прашање од пратеничката Лидија Тасевска