ноември 21, 2024

Докторот Никола Пановски преку неговиот фејсбук профил ги замоли граѓаните да ја споделат оваа информација:

АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!

ОПАСНО: Кој го краде идентитетот на Никола Пановски?

Драги пријатели, една молба до сите вас! Ве молам споделувајте го овој пост со мојов текст кои следи:
АКО ВИДИТЕ РЕКЛАМА, ТЕКСТ, ФОТО, ИНТЕРВЈУ СО МЕНЕ НИКОЛА ПАНОВСКИ ЗА БИЛО КАКОВ ПРОИЗВОД, ЧАЈ, ЛЕК ИТН. ЗНАЈТЕ ДЕКА Е ЛАГА, НЕ КУПУВАЈТЕ ВЕ МОЛАМ!!!

Минаа 5 дена од кога реагирав овде со пост, на вести на Телма, Сител, откога пријавив во МВР, а нови реклами излегуваат секој ден. Ве молам помогнете со тоа што ќе ја разоткриеме оваа лага и криминал, сите нека разберат, друг начин не знам. СПОДЕЛЕТЕ!!! Ви благодарам.

Претходно тој има објавено и ваков статус:

НЕ РЕКЛАМИРАМ НИ ЧАЈ ЗА ПАРАЗИТИ, НИТУ НЕКОГАШ ЌЕ РЕКЛАМИРАМ НЕКОЈ ЛЕК ИЛИ ЛЕКОВИТО СРЕДТВО.

Драги пријатели, еве и мене ми дојде редот. Се видов со слика и текст. И до сега сум реагирал за да ги заштитам моите колеги. Група хохштаплери и криминалци од најдолен вид, со години, преку социјалните мрежи злоупотребуваат угледни доктори, професори, дел постојат, дел се измислени.

Неовластено користат нивни фотографии, нивното име и титула, постираат нешто што тие не го кажале, па потоа продолжуваат со измислени пациенти, како тоа средство им помогнало итн. На крајот производот го продаваат онлајн, за висока цена. Неовластено се богатат злоупотребувајќи го нашиот углед стекнат со децении.

Јавно лажат!!! Ова трае со години, на очиглед на десетина институции кои ние ги плаќаме да не заштитат: пациентите од лажни и непроверени производи, нас како стручни лица, злоупотребени на најдрзок начин. Ги прашувам зошто постојат, арам да ви е платата што ја примате: Агенција за аудиовизуелни медиуми, Агенција за заштита на лични податоци, Агенција за заштита од дискриминација, Антикорупциска комисија, УЈП,МАЛМЕД, Министерство за здравство, Обвинителство, Народен правобранител, МВР.

Господине Оливер Спасовски, под итно уапсете ги овие криминалци, што е проблемот? Прекршуваат јавно, секој ден, десетици закони, се ви е на тацна, спасете си го угледот ваш и на Владата, заштите не нас и пациентите!!!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK