ноември 24, 2024

Денеска (29.01.202) во периодот од 00.00 до 04.00 часот, полициски службеници од Одделот за униформирана полиција од сите сектори за внатрешни работи, во координација со претставници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на 272 локации.Во контролата беа опфатени и 18 казина на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово.

За време на контролата, на територија на СВР Скопје, поточно на подрачјето на Чаир, е констатиран еден прекршок по чл.80 од Законот за оружје, при што кај Б.И.(31) од Косово е пронајден и одземен нож, а на подрачјето на Кисела Вода прекршок по Законот за странци, при што е приведен О.О.(32) од Република Турција поради непријавен престој во државата.

Притоа, од спроведената акциска контрола на подрачјето на СВР Велес од страна на полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, Единицата за службени кучиња, СВР Скопје и СВР Велес, како и инспекциски служби на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во угостителски објект во Велес констатирано е кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, при што лицето е лишено од слобода, прекршок по чл.21 од ЗППЈРМ поради присуство на малолетници во објектот, прекршок по Законот за оружје кај лице кое врши работа од областа на приватното обезбедување, а притоа не поседува лиценца и договор за работа (член 46 став 3 од Закон за приватно обезбедување), поради што и ова лице е приведено во полициска станица.  

Од страна на Управата за јавни приходи констатирано е дека објектот работи спротивно на Законот за регистрирање на готовина, а од страна на Државниот  инспекторат за труд ќе бидат направени дополнителни проверки за утврдување на статусот на лица затекнати при извршување работа во објектот.

The post Акциски контроли во угостителски објекти, приведени лица за дрога и оружје, констатирани прекршоци appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK