ноември 24, 2024

Блок 1 на РЕК Битола од вчера попладне повторно е ставен во функција, постројката беше синхронизирана со македонскиот електроенергетски систем во 17:43 часот и испорачува електрична енергија, информира АД ЕСМ.

-Блокот беше плански исклучен од мрежа заради повеќе интервенции на различни позиции со цел зголемување на стабилноста на постројката. Минатата година, за разлика од претходно, не се извршија класични ремонти на блоковите во летниот период кои предвидуваат запирање на производството од најмалку еден месец заради актуелната енергетска криза во која се наоѓа државата. Наместо тоа, се интервенира на позиции утврдени од стручни лица во комбинатот кога ќе се укаже можност за тоа или кога е неопходно заради зачувување на стабилноста на постројките, велат од ЕСМ.

Најавуваат дека согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола.

-На Блок 2 ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои е планирано да траат десетина дена, посочуваат оид ЕСМ.

The post Блок 1 на РЕК Битола повторно е ставен во функција appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK