ноември 24, 2024

Џенифер Лопез гостувала во интервју за BuzzFeed, а и се придружиле и нејзините колеги од Џош Духамел и Џенифер Кулиџ.  Лопез рекла дека таа и Духамел станале многу добри во опасните сцени за време на снимањето, а потоа открила и дека за малку ќе загинела снимајќи една сцена.

„Се бше супер, освен еднаш кога за малку ќе паднав од карпа. Тоа не беше забавно“, започнала Лопез, изненадувајќи ја Кулиџ, кој ја прашал дали е вистина.

„Да, вистина е. Ја знаете сцената кога мојот фустан се фаќа за тркалото? Еднаш се закачи за воланот и ме повлече, а јас го погледнав Џош и му реков: ‘Џош, не ме пушај, те молам’. Тој и рекол: ‘Те држам. Ако ти отидеш, сите ќе одиме“, раскажала актерката

Лопез  го снима новиот филм „Мајка“ во Лос Анџелес. Филмот е во режија на Ники Каро.  Во филмот, Лопез ја игра улогата на поранешен атентатор кој сака да го остави своето минато зад себе. Меѓутоа, таа се вратила на работа за да ја заштити својата отуѓена ќерка.

The post За малку ќе загинев на снимањето на новиот филм, открива Џенифер Лопез appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK