ноември 24, 2024

Животот на скопјанката Т.Р.(47) бил насилно прекинат летово на Пластичарска. Додека го поминувала булеварот Никола Карев во неа удрил автомобил „сеат леон” што го управувал шеснаесетгодишник од Скопје. Жената починала на самото место.

Ова е само еден, за жал трагичен инцидент од многуте кои секојдневно ги предизвикуваат неискусни возачи, па дури и деца возачи кои „дивеат“ по улиците без положен возачки испит. Тие се дрзнуваат да седнат во автомобил, и тоа често со дозвола од родителите, излегувааат на улиците без да размислат дека го загрозуваат сопствениот, но и животите на другите учесници во сообрааќајот.

Статистиката покажува дека од година во година расте бројот на возачи без дозвола кои учествуваат во сообраќајот, а со тоа и полицијата фаќа се повеќе вакви престапници.

-Сообраќајната полиција во текот 2022 година санкционирала 24.972 возачи кои без положен возачки испит учествуваат во сообраќајот на патиштата, а една година претходно 24.053 лица. Најголем број од нив се фатени на подрачјето на СВР Скопје, каде се санкционирани 5.297 возачи без возачка дозвола, иако во 2021 година нивниот број бил поголем-5.422 лица, велат од МВР.

Според министерството, во текот 2022 година санкционирани се вкупно 4.936 возачи почетници, а на подрачјето на СВР Скопје-1.235, додека една година претходно казни добиле 4.386, од кои 1.313 казнила скопската сообраќајна полиција.

Освен во Скопско, овој проблем е изразен и во Полог, односно на подрачјето на СВР Тетово.

Одделот за аналитика при СВР Тетово евидентира дека во текот на целата 2022 година, полициските службеници откриле и законски санкционирале вкупно 1.728 лица, односно возачи кои ги управувале возилата без положен возачки испит. Сите биле исклучени од сообраќај и изготвени им се предвидените поднесоци со парична глоба од 250 евра во денарска противвредност. Толкава глоба ќе треба да платат и лицата кои им ги дале возилата да ги управуваат, иако знаеле дека не поседуваат возачки дозволи.

-Секторот за внатрешни работи Тетово повторно со апел, посебно до младите, да не седнуваат зад волан без положен возачки испит и да ги почитуваат ограничувањата предвидени за возачи почетници. Затоа што, во спротивно, ја доведуваат во прашање сопствената и безбедноста на другите учесници во сообраќајот и негативно влијаат на вкупната безбедност на патиштата во поширокиот Полошки Регион, истакна Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на 2022 година тетовската полиција санкционирала 453 возачи почетници кои не се придржувале кон законските ограничувања за оваа категорија учесници во сообраќајот. Паричната глоба за овој вид прекршок изнесува 200 евра во денарска противвредност.
До 23 јануари, санкционирани се 36 возачи без дозволи на тетовското подрачје.

Според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, „Возач-почетник“ е секој возач на возило во период од две години по впишувањето на датумот на издавање на категоријата во возачката дозвола, независно дали дозволата ја добил во Република Македонија или во странство и независно дали поседува возачка дозвола за друга категорија.

Скопјанецот Б.С.(53) загина, а Н.С. (29) бил тешко повреден на 10 декември лани на булевароот „Киро Глигоров“ во во близина на „Бриколаж“. Околу 6 часот Б.С. застанал со своето „фиат пунто” затоа што му пукнала гума, по што со друго возило дошол Н.С. да му помогне. Додека се обидувале да ја променат гумата ги прегазила „форд фиеста” која ја управувал Н.Л. (18) од Скопје, кој избегал, но потоа се вратил без возилото.

Законот утврдил неколку правила за оваа категорија возачи, токму поради нивното неискуство, а кои за жал најчесто не се почитувааат од самите возачи, но кога станува збор за млади лица, уште пострашно е дека не ги почитуваат ниту нивните родители кои ги пуштаат сами да возат.

Според законот, возач – почетник кој поседува возачка дозвола од категориите „А1“, „А2“, „А“, „Б“, „Ц1“ и „Ц“ не смее да управува со возило со брзина поголема од 60 km/h на јавен пат, односно со брзина поголема од 80 km/h на пат наменет исклучиво за сообраќај на моторни возила, односно со брзина поголема од 100 km/h на автопат, не смее да управува возило во патниот сообраќај во времето од 23,00 часот до 5,00 часот, освен возач – почетник од категоријата Б ако со него во возилото на предното седиште се наоѓа лице – возач, од соодветната категорија кое е постаро од 25 години и за кое не трае прекршочна санкција забрана на управување со моторно возило.

Освен во однос на управувањето на возилата во друштво со поискусен возач, законот предвидува и ограничување на видот на возилата кои оваа категорија на возачи не смеат да ги управуваат, иако е честа слика по улиците млаи да возат „бесни“ коли и џипови.

-Возачот почетник кој поседува возачка дозвола од „А“ категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 40 киловати, а доколку поседува возачка дозвола од „А2“ категорија, не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 25 киловати, а кој поседува возачка дозвола од „Б” категорија не смее да управува со возило чија сила на моторот е поголема од 77 киловати, предвидува законот.

The post 24.972 возачи без возачки биле во сообраќајот низ патиштата во 2022 година appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK