Целото семејство во кујна! За подготвувањето на овој неделен ручек може да помогнат сите: некој нека лупи зеленчук, друг нека посолува, трет нека реди слоеви…
Состојки:
800 гр тенко насечени свински шницли без коска1 лажичка сув зачин од билки400 гр тиквички600 гр модар патлиџан750 гр моцарела1 лажичка свинска масториганобибер2 лажички рендан пармезан
Подготовка:
Посипете сув зачин од билки на тенко исечените шницли и втријте го со прстите. Кратко пропржете ги од двете страни на средно тивок оган, додека не добијат златно-кафеава нијанса.
Излупете ги модриот патлиџан и тиквичката, па исечете ги на резанки. Потоа исто исечете ја и моцарелата.
Во длабок сад за печење ставете ја свинската маст, па редете: ред свинско, ред зеленчук, ред моцарела.
Зачинувајте низ слоевите со оригано и бибер, и редете најмалку три слоја. Завршете со моцарела.
Покријте ја тавата со алуминиумска фолија и ставете ја во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, а потоа печете 30-50 минути, во зависност од нагодувањата на вашата рерна.
Пријатен неделен ручек!
Следете не, не има насекаде