Новак Ѓоковиќ денеска ја освои десеттата титула на Австралија опен, а 22 во кариерата. Тој постојано вели дека освен родителите, најголема поддршка отсекогаш му била сопругата Јелена. Тие неодамна во интервју за Грејем Бесинџер раскажаа за својата љубов и открија како Новак ја запросил.
Новак рече дека ја повел Јелена на возење со балон.
„Запросувањето требаше да биде романтично, а не драматично. Изнајмив два балони, во едниот бевме јас и Јелена, а на другиот требаше да пишува ‘Сакаш ли да се омажиш за мене?’,“ откри Новак.
Но, проблем бил што нивниот балон за малку ќе се запалел.
„Почнав да се дерам дека балонот има дупка, и во тој момент се појави друг балон, на кој во прв момент помислив дека е реклама. Си мислев, ‘дали е тој луд, што е ова со рекламава’ и тогаш прочитав што пишува. Се свртев, а Новак веќе беше со прстенот,“ раскажала Јелена.
The post Запросувањето требаше да биде романтично, а не драматично: Како Ноле ја побара за жена Јелена appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде