септември 24, 2024

Актуелниот светски шампион, Данска, го обнови владението на планетарниот ракометен трон остварувајќи нешто незамисливо досега во историјата на овој спорт. Третпат едноподруго Данците го освоија светското злато, овој пат со триумф во финалето над Франција, со 34-29.

Еднаш можеби е среќа, вторпат коинциденција, но третпат – доминација. Селекцијата предводена од Николај Јакобсен водеше буквално цел натпревар. Почна со атомско темпо, кое Франција имаше проблем да го следи. Раното водство на Данска достигна четири разлика (3-7), а маестрални во нападот беа бековите, пред се Гидсел и Питлик. Поведоа и со максимални 12-7, но за очекување беше прочуената француска одбрана кога-тогаш, да покаже некој ефект.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK