Шест месеци по гостувањето во Софија каде со пораз го завршија европскиот настап, а беа дочекани од навивачите на „армејците“ со извици „Бугари, Бугари“, денеска „лавовите“ облекоа маички „не за насилството“, какви што на бугарски јазик имаа и фудбалерите на ЦСКА, во екот на многу затегнатите односи на Македонија и Бугарија.