септември 24, 2024

Еден од најдобрите фудбалери во светот Кристијано Роналдо е многу блиску до потпис со клубот од Премиер лигата, Њукасл. Ова го тврди Руди Гарсија, тренерот на Ал Наср клубот од Саудиска Арабија за кој Роналдо во моментов игра. Гарсија тврди дека Роналдо за многу брзо повторно ќе се врати во Европа.

„Кристијано Роналдо нема да ја заврши кариерата како фудбалер на Ал Наср. Ќе се врати во Европа и таму ќе ги одигра последните натпревари“, рече Гарсија.

Њукасл Јунајтед би можел да биде многу посилен со Роналдо од наредната сезона доколку клубот се избори да се пласира во Лига шампиони.

Иако во една од клаузулите во договорот пишува дека Роналдо не смее да замине, сепак изјавата на Гарсија повторно ги покрена шпекулациите за нов трансфер на Португалецот.

Богатите Саудијци сакаат да видат големо име во клубот во Њукасл, а Роналди кој е во поодминати години, го сметаат за најдобра опција за тоа, пренесоа медиумите во Британија.

 

The post Роналдо се враќа во Европа и повторно ќе игра во Лига шампиони appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK