Сите да помогнат да биде пронајдена демиркапијката Милка Чалова, апелираше денеска нејзиниот син Младен, повикувајќи ги надлежните повеќе да се ангажираат во нејзиното пронаоѓање.
Чалова е родена на шести ноември во 1947 година. Има 75 години. Ја немало веќе пет дена. Последен пат била видена во близина на бензинската пумпа на „Макпетрол”, околу 18 часот на 24 јануари годинава.
– Пред да исчезне, побарала кафе од мојата сопруга. Навидум, немало ништо необично во нејзиното однесување. Си го држи умот и не веруваме дека некаде залутала. Доколку некој ја види, да информира на телефонскиот број 076/948-251 или во најблиската полициска станица. Ние петнаесетина, секојдневно трагаме по неа, но без успех. Ни треба помош и поддршка во потрагата, апелираше синот во изјава за МИА.
Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев рече дека на 24 јануари во 23.13 часот во СВР Велес, 44-годишниот М.Ч. од Демир Капија пријавил оти од домот се оддалечила неговата мајка М.Ч. на возраст од 75 години.
Самарџиев нагласи дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
The post Исчезна демиркапијка, синот со апел за помош appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде