ноември 23, 2024

Откако фановите и испратија полиција на врата, Бритни Спирс го врати својот профил на „Инстаграм“. Пејачката ги смири и им рече дека нема нервен слом како што мислеле.

„Сите мислат дека знаат сè за мене. Размислете повторно. Немав нервен слом. Таква сум каква што сум и ќе продолжам со мојот живот. Никогаш не сум се чувствувала подобро“, рече Бритни.

За потсетување, Бритни неодамна го избриша „Инстаграм“, а во последно време имаше неколку испади во јавност. Фановите беа загрижени па ѝ испратија полиција на врата да се уверат дека сè е во ред. Пејачката им порача дека претерале.

„Како што веќе знаете полицијата ми дојде на врата затоа што некој решил да се пошегува. Јас ги обожавам моите фанови, но овој пат претераа и ми ја нарушија приватноста. Во овој период од животот сакам само јавноста и моите фанови, кои толку водат грижа за мене, да ја почитуваат мојата приватност“, рече Бритни.

 

The post Бритни Спирс се врати на Инстаграм и рече дека немала нервен слом appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK