Астероид под назив „2023 БУ“, пред два дена помина во близина на Земјата. Тој беше откриен пред само неколку дена, а прелета над Јужна Америка и беше оддалечен 36.000 километри од Земјата на при неговата најблиска точка во однос на нашата планета. За споредба, на таа оддалеченост се наоѓаат и некои геостационарни и телекомуникациски сателити.
Астероидот е откриен на 21 јануари од страна на астрономот-аматер Генадиј Борисов и неговата опсерваторија „МАРГО“ на Крим, а потоа откритието беше потврдено од бројни опсерватории ширум светот. Иако ова се смета за исклучително блиска средба со друго вселенско тело, НАСА вчера процени дека нема опасност тоа да удри во Земјата.
Near-Earth asteroid 2023 BU. We determine that 2023 BU was rotating in a period of approximately 77 seconds with an amplitude of 0.9 mag. #IAWN #QHY42Pro @QHYCCD @RoyalAstroSoc @exploreplanets @tonylivesey @BBCStargazing pic.twitter.com/xyZP2P3yxQ
— Northolt Branch Obs (@NBObservatories) January 27, 2023
Системот за проценка на опасности од удари на НАСА, наречен „Скаут“, ги анализираше сите достапни податоци за движењето на „2023 БУ“.
„’Скаут“ многу брзо ја отфрли можноста за судир. Сепак, се дозна дека астероидот ќе се приближи исклучително блиску до Земјата. Всушност, ова беше едно од најблиските забележани преминувања на вселенско тело близу Земјата“, изјави инженерот Давиде Фарнокија, еден од одговорните за проектот „Скаут“.
Според проценките, дури и да дојдеше поблиску до планетава, поголемиот дел од астероидот ќе изгореше во атмосферата, а само помали парчиња ќе паднеа на Земјата како метеорити.
The post Објавена снимка од астероидот кој помина покрај Земјата appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде