ноември 23, 2024

САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатланска интеграција на земјата, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот.

САД БАРААТ БУГАРИЈА И МАКЕДОНИЈА ДА ЈА СТИВНАТ РЕТОРИКАТА: Решете ги брзо билатералните спорови!

Ги повикуваме Бугарија и Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат овие билатерални спорови, изјави за Гласот на Америка портпарол на Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментира одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје.

„Иднината на Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатланска интеграција на земјата“, се наведува во изјавата од Стејт департментот.

Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид, тврдејќи дека има “сериозна ситуација во однос на правата на Бугарите во Македонија“.

Амбасадорот Ангел Ангелов денеска допатува во Скопје заедно со бугарскиот министер Иван Демерџиев и остана во земјава за да ги продолжи своите дипломатски должности „во полн капацитет“, како што наведе македонското МНР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK