ноември 21, 2024

САД додадоа седум ирански ентитети во својот список санкции кои се поврзани со производството на дронови што Русија ги користи во своите удари во Украина, соопшти американското Министерство за трговија.

Меѓу оние во американскиот „црн“ список на ирански организации се структури поврзани со разработка и производство на мотори за авиони, воено-космичките сили на Корпусот на стражите на исламската револуција, компанијата МАДО, која е специјализирана за производство на делови за беспилотни летала, а санкционирана е и на компанијата Paravar за создавање на дроновите камикази „Шахед“ и претпријатието Shahed Aviation Industries.

Во соопштението на Министерството се истакнува дека со своите дронови Иран ја снабдува Русија за користење во Украина, што е против националните интереси и безбедноста на САД.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK