Бербок рече дека Германија работи на испорака на генератори, ќебиња и гориво за греење во Украина за Божиќ, бидејќи руските напади врз енергетските капацитети предизвикуваат недостиг на електрична енергија во многу делови од земјата.
Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, на донаторската конференција во Париз рече дека Берлин ќе одобри уште 50 милиони евра помош за Украина, како одговор на руските напади врз тамошната енергетска инфраструктура.
Бербок рече дека Германија работи на испорака на генератори, ќебиња и гориво за греење во Украина за Божиќ, бидејќи руските напади врз енергетските капацитети предизвикуваат недостиг на електрична енергија во многу делови од земјата, објави Ројтерс.
„Рускиот претседател Владимир Путин сака да го скрши народот на Украина и ние нема да го дозволиме тоа“, изјави германската министерка за новинарите.
Новата германска помош за Украина е над 160-те милиони евра што Берлин веќе ги вети на конференцијата во Букурешт на почетокот на годинава.
Русија во последните недели ги засили нападите врз енергетските капацитети во Украина.
Следете не, не има насекаде