„Единицата“ на Франција и голман на Тотнем, Уго Лорис најави дека во недела пресметката на Франција и Аргентина за „златната божица“ ќе биде суперфинале, откако светскиот првак успеа со триумфот со 2-0 да го победи Мароко и да дојде на чекор да биде прва селекција по 60 години која успеала да го одбрани пехарот после Бразил во ерата на Пеле.
Лорис имаше две извонредни интервенции против упорните и жилави Мароканци, кои не најдоа начин како да дадат гол за да го направат поинтересно полуфиналето, откако после пет минути се најдоа во негатива, а 11 минути пред крајот Коло Муани со втор гол им пресуди.
„Сега имаме сè за големо, супер финале. Аргентина е навистина голем тим, покажаа колку компетитивни може да бидат низ целото ова СП, а имаат фудбалер кој остави силен белег и ја одбележа историјата на овој спорт“, рече Лорис.