Лажни биле денешните пријавите за бомби испратени на електронската адреса на 15 училишта во Скопје, информира Министерството за внатрешни работи.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од училишта во Скопје, кои добиле порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението.
Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници биле преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа биле извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено било дека станува збор за лажни пријави.
Дојави за поставени експлозивни направи изутринава пристигнале на електронските адреси на 15 училишта во Скопје.
„Денеска (14.12.2022) околу 08.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на електронските адреси на 15 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, информираше МВР утрово.
Освен анонимни дојави за поставени бомби во средни и основни училишта, на почетокот на неделава имаше закани за бомби и во институции и трговски центри.