декември 24, 2024

Ентоан Гризман, француската ѕвезда од Атлетико Мадрид беше играч на мечот против Мароко во полуфиналето на кое Франција со 2-0 славеше за второ финале по ред, посебно импресионирајќи како офанзивецот одигра во – дефанзива.

Гризман го имаше секаде, па како да е последен играч за врска стигнуваше сè да скрати кога Мароканците тотално доминираа во вториот дел, сè до голот на Коло Муани кога им ги уништи соништата.

„Мароко ме импресионираше вечерва, како одиграа тактички, дефанзивно, а потоа во вториот дел ни направија големи шанси. Бевме посилни на лева страна поради Тео, па сакавме втор гол за да го затвориме мечот и да си ја олесниме задачата, што на крај се случи. Но, ова беше навистина тежок меч. Сега се концентрираме на неделното финале“, рече Гризман.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK