ноември 22, 2024

Властите во Австралија денес ја пронајдоа радиоактивната капсула што минатата недела при транспорт беше загубена во западниот дел од земјата, соопшти државниот министер за вонредни ситуации.

Трагата по изгубената капсула траеше една недела. Се изгуби откако падна од камион на патот долг 1400 километри низ Западна Австралија меѓу градовите Њуман и Перт. Камионот пристигна во складиштето во Перт на 16 јануари, а службите за итни случаи биле известени дека е исчезната на 25 јануари.

Властите се сомневаат дека вибрациите од камионот предизвикале олабавување на завртката и навоите, по што капсулата испаднала од пакетот, а потоа и од камионот. Јадрото содржело мало количество радиоактивен цезиум-137. Ако се допре, може да предизвика сериозни болести.

Нејзините димензии се осум на шест милиметри. Цезиум-137 е радиоактивен изотоп на цезиумот со период на полураспаѓање до 30 години. До негово ослободување доаѓа во случај на употреба на нуклеарно оружје, како и во случаи на несреќи во нуклеарни централи.

Затоа претставува голем ризик за животната средина. Од компанијата „Рио Тинто“ пред три дена се извинија затоа што ја загубија.

The post Властите во Австралија ја најдоа загубената и опасна радиоактивната капсула appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK