„Не е дефинитивно влегувањето на Алијансата за Албанците во Владата, но шансите за тоа се огромни. Околу 90 проценти од програмските определби се синхронизирани, но за кадровските решенија воопшто не разговаравме“, изјави денеска лидерот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, по средбата со премиерот Димитар Ковачевски.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
За кадровските решенија, како што посочи, ќе разговараат во текот на следните неколку дена.
„Се надевам дека во текот на денот и од Владата ќе информираат за работите за кои сме договорени. Воопшто не разговаравме за кадровските решенија, но се надевам дека деновиве кои се пред нас ќе го отвориме и прашањето за кадровските решенија. Најмногу се задржавме на програмските определби на нашата партија и Владата и за работи кои треба да ги истераме заедно во периодот што останува до крајот на мандатот на оваа Влада. Станува збор за определбата на државата за евроинтеграции, закони за борбата против корупција, законот за влада и други закони“, рече Таравари.
Тој додаде дека еден од ресорите за кои „имаат најдобри кадри“ е Министерството за здравство, но напомена дека разговор оваа тема воопшто не бил започнат.