ноември 22, 2024
Во период на криза успеавме умешно развојната банка да ја направиме најдобрата алатка во финансискиот систем којшто воведе нови механизми, инструменти за поддршка и развој на нашата економија.
Ова произлезе како констатација на заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и главниот директор на Развојна Банка, Кире Наумов, кои на владината конференција „Година на нови можности” дискутираа за инвестициите и економски развој во година на криза, при што се укажа дека во последните три години преку Развојната банка се пласирани речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти.
Вицепремиерот Битиќи укажа на важноста на креирањето на Националната развојна стратегија како прв инклузивен процес со вклучување на сите засегнати страни бидејќи креира јасна визија на нашето општество за наредните 20 години каде треба да се одвиваме, визија во која Развојна Банка ќе одигра многу важна улога во поддршка на развојот.
Он подвлече дека Владата креираше механизми и инструменти за сето тоа да се поддржи бидејќи успеа умешно во период на криза Развојната Банка да ја направи најдобрата алатка возможна во финансискиот систем за развојот на нашата земја.
„Не само што ја докапитализиравме развојната банка, тие успешно и умешно креираа механизми заедно со Владата во кои пилотираа и беа пионери во финансискиот пазар во нашата земја. Во секоја развиена земја токму Развојната Банка ја има таа улога и сум горд дека и во период на криза тоа го направивме и сметам дека имаме партнер кој го немавме пред 5 години”, рече Битиќи.
Извршниот  директор на Развојна Банка, Кире Наумов во делот на вкупно пласирани средства во домашните компании за изминатите три години и ефектите од нив, изјави дека за три години пласиравме речиси 300 милиони евра за поддршка на 7.500 проекти.
„Само во 2022 година пласирани се средства во износ од 107 милиони евра. Пласманите на кредитите се во различни дејности, а најголем процент околу 40% се за поддршка на микро, мали и средни компании во производствената дејност.
Кредитните линии беа насочени кон поддржување на ликвидноста на компаниите, инвестиции во енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија, зачувување и отворање на нови работни места, со што во изминатите три години, се зачуваа околу 40.800 и се отворија околу 1.500 нови работни места”, укажа Наумов.
Во текот на 2022 година за поддршка на компаниите во услови на енергетска, економска и ценовна криза, Развојната Банка ги воведе следните кредитни линии:
1.Кредитна линија за обртни средства за компании за компании погодени од енергетска и економска криза преку директно кредитирање од РБСМ (бескаматна) во износ од 5,5 милиони евра
2.Kредитна линија за обртни средства за зголемени цени на енергенси преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра (бескаматна)
3.Кредитна линија за енергетска ефикасност (ЕЕ)и обновливи извори на енергија (ОИЕ) преку банки учеснички во износ од 10 милиони евра (камата до крајни корисници до 1,6%)
4.Олеснување на услови на кредитирање на кредитната линија за производство, преработка и извоз на земјоделски производи во износ од 7 милиони евра (камата 1%)
5.Субвенционирање на камата по кредити дадени од деловните банки на компании кои ја ре-инвестирале добивката во износ од 2 милиони евра
6.Кредитна линија за обртни средства за компаниите погодени од енергетската и ценовната криза со директно кредитирање преку РБСМ во износ од 5 милиони евра со камата 2% (со можност на обезбедување на дополнителни средства во износ од 3,2 милиони евра)
Како што информираше Наумов, во 2022 година РБСМ даваше поддршка на компаниите и преку гарантната шема која им овозможува на компаниите обезбедување на дел од колатералот за одобрени кредити.
Користењето на овој продукт е во постојан раст и со состојба 31.12.2022 година износот на гарантирани кредити изнесува 9,8 милиони евра за 110 компании, потоа царинските гаранции за царински долг при увоз за облагородување, за поддршка на извозот.
„Развојната банка на домашните компании покрај кредитите им нуди уште два производи, осигурување на извозни и домашни побарувања, и факторинг (откуп на побарувања од странски и домашни купувачи). Интересот за овие два производи континуирано расте, особено во услови на криза кога ризиците од наплата се поголеми и потребата од тековна ликвидност е поголема. Компаниите може да ги осигурат своите побарувања од комерцијални и политички ризици преку производот кредитно осигурување.
Во моментов имаме 80 осигуреници од различни индустриски гранки, со над 500 купувачи во 33 земји. Обемот на кредитно осигурување во 2022 година е на ниво од 100 милиони евра”, подвлече Наумов.
Во делот на поддршка на компаниите е и факторингот како производ, кој е во постојан раст изминативе години. Овој производ овозможува полесно краткорочно финансирање на компаниите за нивните тековни потреби со што претставува еден вид акцелератор на бизнис циклусите во компаниите.
Обемот на кредитно осигурување во 2022 година изнесува 9 милиони евра, а во 2022 година се пласирани и  средства од ЕИБ6 кредитната линија во износ од 40,9 мил.евра, како и континуирано се пласираа револвинг средства од останатите кредитни линии.
Инаку, во 2022 година, Владата на Република Северна Македонија ја докапитализираше Банката во износ од 10 милиони евра од Буџетот на државата, со што, вкупниот капитал и резерви на банката изнесуваат 57.5 милиони евра.
Овие средствата се ставени на располагање на домашните компании преку поволни кредитни производи насочени кон справување со енергетската и ценовната криза, односно за кредитни линии за енергетска ефикасност, инвестиции во обновливи извори на енергија и кредитна линија за дигитализација која што ќе биде новитет во Каталогот на производи на Банката.
Развојната Банка е посветена и на проширување на соработката со други меѓународни инвеститори со цел обезбедување на нови извори на средства, следење на економската состојба и континуирано прилагодување на своите производи во насока на поддршка на компаниите во новонастанатите услови на работење, со посебен акцент на поддршка на инвестиции во зелена економија.

The post Битиќи: Развојната банка ја трансформиравме во најдобриот партнер за поддршка на економскиот развој appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK