ноември 21, 2024

Македонија, годинава, се најде на 85 место од 180 светски држави според Индексот за перцепција на корупцијата. На листата што секоја година ја објавува Транспаренси Итернешнел, Македонија, и покрај малиот напредок и понатаму останува една од најлошо рангираните држави во регионот.
Имено, со 40 поени, на скалата каде 0 е најкорумпирана, а 100 е најмалку корумпирана, земјава изминатава година напредувала само две места во споредба со претходното рангирање. Во споредба со лани Индексот е зголемен за еден поен.

Ваквата ситуација ја коентира лидерот на Левица и пратеник во македонското Собрание, Димитар Апасиев, кој на Фејсбук напиша:

Официјално: Тринидад и Тобаго има помала КОРУПЦИЈА од Македонија! Тоа е се’ што треба да знаете за оваа “проевропска” влада.

#ФалаТаче

За најкорумпирани земји во светот, според Транспаренси Интернешнел, се сметаат Сомалија, Сирија и Јужен Судан, кои се на последните три позиции.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK