Македонскиот тенор Благој Нацоски заедно со Дац и Александар вчеравечер настапија во познато скопско кафуле. Случајната дружба, прерасна во забава за сите гости кои пееја заедно со нив и снимаа со мобилните телефони.
Тој заедно со дуото ја отпеа песна „Уште ми фалиш“ или на италијански „Mi Manchi Ancora“. Истата песна во 2020 –та година Нацоски со Дац и Александар, додека траеше карантинот тие во студио во Скопје, а тој во Италија.
Вчеравечер ја имаа можноста заедно во живо да ја отпеат песната. Дац и Александар му отстапија минути на Нацоски, па тој отпеа еден македонски евергрин и песна од Здравко Чолиќ.
Инаку Благој Нацоски во сабота на 4-ти февруари ќе одржи концерт во Националната опера и балет по повод 20 години кариера.
Гости на концертот кај Нацоски ќе биде Наде Талевска, сопран, Васко Здравков, баритон, а водител ќе биде Огнен Јанески.
The post (Видео) Македонскиот тенор Благој Нацоски направи журка среде Скопје со Дац и Александар appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде