ноември 22, 2024

Ако сакате пица, тогаш ќе ве воодушеви овој рецепт за пица ролат. Вкусно јадење кое лесно се прави

Состојки:
шест листови готови кори
200 грама шунка
200 грама кашкавал
четири лажици кечап
две јајца
100 мл кисела павлака
оригано
сол

Подготовка:
Изматете ги јајцата со павлаката и посолете, а посебно исечкајте или изрендајте ги шунката и кашкавалот.
Ставете две кори една врз друга, премачкајте со смесата од јајца и павлака, па одозгора ставете една кора. Премачкајте со кечап и посипете со оригано по вкус и покријте со друга кора. Премачкајте со павлака филот и додадете шунка.
Ставете ја петтата кора, а врз неа распоредете го кашкавалот. Покријте со последната кора на која ќе нанесете тенок слој павлака фил. Внимателно завиткајте, ставете во плех, покријте со остатокот од филот и печете во рерна загреана на 180 степени околу половина час.

На здравје!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK