ноември 22, 2024

 Цената на природниот гас за февурари ќе биде пониска за 40 отсто, а за 41 денар за килограм се намалува и цената на метанот, информира „Макпетрол“.

-Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40 отсто за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година, велат од компанијата.
Нагласуваат дека малопродажната цената на погонското гориво за моторни возила, Метан (CNG), кој се продава на бензинските станици на Макпетрол се намалува за 41 денари за килограм во однос на цената од минатиот месец која изнесуваше 123,5 денари за килограм, односно новата цена ќе биде 82,50 денари за килограм или 58,4 денари за литар.

The post „Макпетрол“: Цената на природниот гас за февруари ќе биде за 40 отсто пониска, за 41 денар поевтинува метанот appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK