Градот Скопје ја продолжува соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и Сојузот на борците и граѓаните кои продолжуваат да го промовираат нивното дело. Денеска потпишавме договор за поддршка за реализација на активностите на програмите на двете организации, со цел обезбедување повисок квалитет на формите на општествено вклучување на пензионерите и повозрасните категории граѓани.
Активностите вклучуваат акции од поширок општествен интерес, како и поддршка на програми за подобрување на формите на активирање на пензионерите. Градот Скопје континуирано се грижи за повозрасните групи граѓани и воедно ја изразува својата благодарност за нивниот несебичен влог во развојот на нашето општество.
The post Градот Скопје ја продолжува соработката со Сојузот на здруженијата на пензионерите на Град Скопје и Сојузот на борците appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде