ноември 22, 2024

Бившиот европски и француски првак Олимпик Марсеј се искачи на второто место во Лига 1 и дојде на два бода со меч повеќе од Пари Сен Жермен, откако вечерва со автогол и сефте гол на зимското засилување Унахи славеше на гости кај Нант со 2-0, но и оваа 21 рунда во француската елита ја одбележува Ремс чија чудесна серија од 13 меча без пораз продолжи со џиновски пресврт против Лориен за победа со 4-2.

Жоао Виктор е трагичарот кој на Марсеј практично му го обезбеди триумфот со автоголот во 57-та минута, за најновото зимско засилување, Мароканецот Унахи да стави печат на победата во 90+3-та минута. Марсеј веќе седум меча е во сериија без пораз, во која ја запиша четвртата победа и сега има 46 бода како второпласиран, бод пред Ланс, а два зад ПСЖ, кои вечерва ги играат своите мечеви од ова вонредно коло во Лига 1.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK