Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните и правните субјекти, односно сопствениците на возила, на обврската дека заклучно со 12.02.2024 мора да извршат промена на регистарските таблички со ознаката „МК“ со ознаката „NMK“.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Од МВР соопштуваат дека, согласно член 27 став (1) алинеја 5 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија” бр. 140/08; 53/11; 123/12; 70/13; 164/13; 138/14; 154/15; 192/15; 39/16 и 161/19) и согласно член 28 од Правилникот за форма и содржина на образецот на барањето за издавање на пробните таблици, формата и содржината на регистарските таблици и на пробните таблици, како и начинот и постапката на нивно издавање („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 293/2020), сите сопственици на регистрирани возила се должни да ги заменат регистарските таблици кои ја содржат буквената ознака „МК“, издадени до денот на отпочнување со примена на овој правилник (15.01.2021 година), односно таквите таблички можат да се употребуваат најдоцна до 12.02.2024 година.