Куќата на првата сопруга на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Ивана, се продава за 26,5 милиони долари. Куќата се наоѓа на Менхетен, а приходот ќе го добијат нејзините три деца Доналд Трамп Јуниор, Ерик Трамп и Иванка Трамп.
Куќата ја купи во 1992 година за 2,5 милиони долари истата година кога се разведе со Доналд.
Има простор од 6725 квадратни метри и целата е украсена со розев мермер, кристали, леопард принт и злато. Ѕидовите се во златна и црвена боја, а влезниот ходник е украсен со црвен тепих.
До горниот кат се стигнува со лифт или преку мермерни скали, на кои има црвен тепих и насликан мурал. Дневната соба е украсена со зелени нијанси во комбинација со златни детали. Има голем бел клавир меѓу две соби, на кој свират професионални музичари. Ивана не го користела.
The post Се продава куќата на Ивана Трапм во Менхетен appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде