ОВЕН
Се нервирате – со и без причина. Не сте свесни дека моменталните случувања ви дозволуваат мало влијание и негативно се одразуваат врз здравјето. Поведете сметка за да ги одбегнете проблемите. Една Водолија има негативно влијание врз вас. Одбегнувајте ја.
БИК
Уживате опуштено во секој момент. Доколку имате проблеми со вишокот на килограми, бидете сигурни дека борбата ќе биде потешка отколку што очекувате. Идеално се согласувате со Скорпиите, па затоа фокусирајте се на нив. Имате таен обожавател/ка меѓу овие припадници.
БЛИЗНАЦИ
Среќно ќе ја надминете кризата. Доколку имате здравствени проблеми, нивното решавање ќе биде многу полесно отколку што мислите. Влеговте во фаза кога флегматичноста е ваша основна карактеристика. Можеби е сега вистински момент да се одморите.
РАК
Многу планови нема да се реализираат, но тоа важи само за оние Ракови кои летаат во облаци. Бидете тактични и практични, зашто тука лежи одговорот на прашањето. Ако се занимавате со приватен бизнис – ќе забележите успех.
ЛАВ
Тргнавте ли во акција? Не одложувајте, никако не смеете да се исцрпите и да ги пропуштите можностите, зашто ништо нема да ви падне од небо. Само со работа ќе ја постигнете целта. Желбата за хедонистички живот ќе ве одврати од работата која ветува успех.
ДЕВИЦА
Имате недостаток на иницијатива, а причината е во лошата здравствена состојба. Планетарните аспекти укажуваат да бидете внимателни бидејќи се работи за хронични здравствени проблеми. Преземете превентивни мерки и почекајте некои подобри денови.
ВАГА
Не ви е лесно, но мора да бидете истрајни. Кога работите ќе тргнат на лошо, како да го губите тлото под нозете и бегате директно во болест. Покрај нормалната терапија, вооружете се и со оптимизам. Дружењето ќе ви помогне да ја надминете кризата.
СКОРПИЈА
Зошто се нервирате кога тоа влијае врз убавината? Ве нервираат соработниците, а посебно ви тапка по нерви една Водолија. Можни се непријатни случки, но постои начин да ги избегнете. Вразумете се со време.
СТРЕЛЕЦ
Иако изгледате смирено, имате чувство како да ќе експлодирате. Треба да најдете начин да ја исфрлите акумулираната напнатост. Спортот и физичките активности претставуваат вистински лек, па доколку се занимавате со нив, ќе успеете да ги решите проблемите.
ЈАРЕЦ
Расположението ви се менува од ден во ден. Бидејќи ви здосади коректното однесување, во вас полека почнува да се буди типичниот Јарец со своите карактеристики. Се наметнувате и се докажувате во желбата да останете забележени.
ВОДОЛИЈА
Околината се обидува да ја фрли целата работа на ваш грб. Не ви е лесно. Треба да ги задоволите барањата на другите, но и сопствените потреби. Паметните Водолии, кои се концентрирани на себе, полесно ќе си го решат проблемот.
РИБИ
Пред вас е активен работен ден. Ќе бидете во ситуација да се занимавате со работите што ги сакате, извршувајќи ги со ентузијазам. Доколку имате здравствени проблеми – тие имаат психосоматска природа. Стравовите кои ги чувствувате поради нив се нереални.
The post Хороскоп за 2 февруари: Вагата треба да е истрајна, водолијата треба да реши голем проблем appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде