ноември 22, 2024
Ве известуваме дека денеска, 02.02.2023 година (четврток) во 09:00 часот, во Свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на „IRD Engeineering”, Паоло Орсини, ќе го потпишат Договорот за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d.  На потпишувањето ќе присуствуваат и ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби,  министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски и директорите потписници.
Сите заинтересирани фоторепортери и сниматели за проследување на настанот неопходно е да бидат во Медија центарот на Владата најдоцна до 08:30 часот. На настанот не се предвидени изјави за медиуми.

The post Потпишување на Договор за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d  appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK