септември 25, 2024
Педесетгодишен кумановец почина по здобиени повреди откако со неговиот автомобил удрил во паркиран автобус кај село Доброшане, соопшти денеска СВР Куманово.

– Вчера околу 20:30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на регионалниот пат Куманово-Свети Николе, во село. Доброшане, Kумановско, Г.И.(50) од Куманово, управувајќи патничко возило „алфа ромео“ со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во паркиран автобус на превозно претпријатие. Во несреќата, Г.И. се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во болницата во Куманово каде набргу починал, информираше полицијата.

На сообраќајката интервенирала и противпожарната служба од Куманово, пренесе денеска Регионалниот центар за управување со кризи Куманово од каде бележат техничка интервенција на тешка сообраќајна несреќа на судир помеѓу патничко возило и автобус, каде едно лице им подлегна на повредите и го загуби животот.

– Интервенирано е во временски период од 20:55 до 21:20 часот со едно противпожарно возило и четворица пожарникари, пренесе РЦУК Куманово.

Увид на местото извршиле екипа од СВР Куманово и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено за обдукција.

The post Кумановец почина откако со автомобил удрил во паркиран автобус appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK