Незадоволните жители од општина Гази Баба денеска попладне повторно ќе излезат на протест барајќи да им се врати железарското парно, со кое нивните домови се загреваа непрекинато по 24 часа. Точно во 16 часот тие ќе се соберат пред кружниот тек кај гимназијата „Панче Арсовски“, а на жителите од населбата Автокоманда, кои се моментално најзасегнати од проблемот, поддршка ќе им дадат и граѓаните од Железара.
Железарците повикаа да се излезе помасовно на протестот и да се поддржат граѓаните од Автокоманда, затоа што, како што велат „мечката кога игра во дворот на соседот кај и да е ќе заигра и во нашиот двор.“
А дека тоа и ќе се случи најавуваат и од АД ЕСМ од каде информираа дека 2000 потрошувачи кои досега имале греење 24 часа, ќе се греат како и останатите потрошувачи од 6 до 22 часот, а за останатите 2000, кои сѐ уште не се префрлени на ЕСМ Снабдување, во следниот период ќе се направат технички подготовки за од следната грејна сезона да добиваат греење како и останатиот дел од градот.
Промените се случуваат поради тоа што старите парни котли кои немаат можност за дневно гасење, па овие потрошувачи имаа постојано греење, се исфрлаат од употреба, поради голема потрошувачка на гас. Од ЕСМ објаснија дека доколку се продолжи со сегашниот начин на 24 – часовно греење на одреден број потрошувачи тогаш сметките на сите потрошувачи, значи и на оние што се греат од 6 до 22 часот, ќе бидат повисоки.
The post Денеска повторно ќе се протестира, граѓаните го бараат железарското парно appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде