ноември 23, 2024

Легендарниот ММА борец Квинтон Џексон, раскажа како му го спасил животот на татко му кога имал 20 години. Рече дека го видел пијан зад воланот па го извадил од камионот и го нокаутирал.

„Имав 20 години. Веројатно сум првиот кој го нокаутирал својот татко. Но морав, беше алкохоличар. Дента кога ми го зема камионот работев, а кога требаше да ме земе, морав да чекам два часа на сонце. Тогаш немаше мобилни и не можев да му се јавам да дојде да ме земе“, рече Џексон.

Кога стигнал да го земе го видел мртов пијан.

„Му го земав воланот и му реков дека не треба да вози. А тој ми ја зема кацигата и почна да ме удира исто како кога бев дете. Тогаш и окото ми потече, па си ветив дека кога, тогаш ќе му се одмаздам“, рече Џексон.

„Го извадив на сила и почнавме да се тепаме. Ме фати за врат да ме дави. Пукнав и го нокаутирав со еден удар“, рече Џексон и додаде дека не жали за стореното.

„Му излегов во помош. Пред да се онесвести ми рече дека ми е татко, а кога се освести му објаснив што се случи. Сакав да знае зошто го направив тоа. Можеше да не уби двајцата. Знаеше и што може да се случи ако ме удреше посилно со кацигата“, рече Џексон.

По инцидентот рече дека татко му се променил. Престанал да пие и никогаш повеќе не го удрил.

За потсетување, Џексон се бореше во УФЦ шампионот во полутешка категорија. Кариерата ја заврши во 2019 година со 38 победи од кои 20 му се нокаути и 14 порази.

 

The post Познат ММА борец го нокаутирал татко му кога го видел како вози пијан appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK