ноември 23, 2024

Познатата актерка Сара Џесика Паркер која е на прагот на седмата деценија вели дека не размислува за годините и не сака да се соочи со реалноста. Таа во интервју зборува нејзиниот изглед и вели дека тајната е во деталите за одржување на линијата, и грижата за лицето и косата.

„Јас всушност не тестирам многу производи за нега на кожата. Не губам време менувајќи или додавајќи производи во мојата рутина. И искрено, производите со премногу инструкции и чекори може да бидат премногу поразителни за мене”, открива Паркер.

Таа вели дека едноставноста отсекогаш била клучна за неа. Открива дека има чувствителна кожа, но доколку најде производ што и одговара, го користи долго време.
Кога станува збор за шминката, Сара вели дека не користи многу производи, освен ако тоа не го налагаат одредени ситуации.

„Постојат две причини за тоа. Прво, често се шминкам за снимање серии и филмови, понекогаш дури и од 16 до 18 часа на ден. Втората причина е што се чувствувам многу повеќе себе си кога не носам шминка”, изјавила Паркер и открила дека најмногу користи сјај за усни и руменило.

Актерката истакна дека здравата исхрана е клучот за убава кожа.

„Јас земам витамини и се трудам да ја одржувам исхраната здрава“, вели таа.

Сара Џесика Паркер вели дека не се стреми да изгледа совршено, и дека не ја интересира притисокот на општесвото.

„Денес веќе не чувствувам никаков притисок, но понекогаш имам впечаток дека другите можеби повеќе се грижат за мојот изглед отколку мене, а тоа е малку чудно. Дека се загрижени што имам брчки или седа коса. Се сеќавам дека еден ден седев до блиска пријателка, жена која е помлада од мене. Не бев нашминкана, косата ми беше во пунџа, и ми се познаваа седите влакна, а тоа предизвика паника. Во исто време до мене седеше помлад човек, кој исто така имаше седа коса, но никој не обрнуваше внимание на неговите седи влакна. Тогаш си реков нема повеќе да внимавам на туѓите мислења“, раскажала актерката.

 

The post Сара Џесика Паркер: Се плашам од староста appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK